(Видео) Неславен крај на Кристијано Роналдо, замина со солзи во очите

Кристијано Роналдо (41) нема по добро да го памети својот последен настап на Светското првенство.

Неговата Португалија беше елиминирана во осминафиналето на Светското првенство, а „џелатот“ беше Шпанија (1:0).

Ова беше 233-ти натпревар за Кристијано во дресот со националниот грб.

„Ова ќе биде моето последно Светско првенство. Што и да се случи, ќе си заминам со чиста совест бидејќи на репрезентацијата ѝ дадов сè што имав“, им изјави Роналдо на новинарите пред два дена.

По натпреварот, Роналдо не можеше да ги скрие солзите додека ги поздравуваше навивачите на Португалија и го напушташе теренот.

Роналдо постигна 146 гола и запиша 46 асистенции за Португалија во 233 натпревари.

Најголемиот успех секако беше освојувањето на ЕУРО 2016.

Foto/ EPA

Scroll to Top