(Видео) Норвешка го елиминираше Брегот на Слоновата Коска – Во осминафиналето оди на Бразил

Норвешка е петтиот учесник во осминафиналето на Светското првенство. Ерлинг Хaланд спиеше речиси цел натпревар, а потоа во 86-та минута постигна гол за победа (2:1) и меч со Бразил во следната рубда.

Одличен натпревар во Далас одиграа „Слоновите“ и Норвешка. Со добар ритам и шанси на двете страни. Впечатокот е дека мечот требаше да влезе во продолженија. Нив ги спречи голманот на Норвешка, Ниланд, со фантастична интервенција во 96-та минута кога го спречи Амад Дијало да го постигне вториот гол и да изедначи на 2:2.

Првиот гол го постигна Нуса од лајпциг. Крилниот напаѓач на Норвешка, од дриблинг го погоди подалечниот агол во 39-та минута.

„Слоновите“ притискаа во вториот дел, а откако во 72-та минута Дијало спречи водство на Норвшка од 2:0 ( ја извади топката од гол линијата), во 74-та, по соло пробив изедначи на 1:1.

Точка на мечот стави Халанд, по брилијантната асистенција на Берге. Фудбалерот на Боде/Глимт, меѓу тројца играчи го остави Халанд сам пред празната мрежа.

Scroll to Top