(Видео) Премиер лигата сега вели дека голот на Халанд требало да биде поништен

Долго ќе се зборува за судиите по дербито на Манчестер, во кое Јунајтед загуби од Сити (0:1).

Јунајтед од 23-та минута играше со фудбалер повеќе, но не успеа да постигне гол. „Граѓаните“ победија со голот на Халанд. Одлуката ВАР да го потврди голот на Норвежанецот крена прашина во Англија.

Само неколку часа откако првично беше објаснето зошто судиите одлучија да го потврдат голот на Ерлинг Халанд, по деталните „анализи“, пристигна ново соопштение, со кое судиската организација на Премиер лигата ја призна вината.

„Судиската организација потврдува „грешка во проценката“ на голот на Халанд – и директно го информира Манчестер Јунајтед. Во врска со ситуацијата во 60-та минута од неделниот натпревар од Премиер лигата помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити на „Олд Трафорд“, би сакале да ги разјасниме околностите околу постигнатиот гол на Ерлинг Халанд. Првичната одлука на теренот беше дека станува збор за офсајд позиција на Ерлинг Халанд, таа одлука беше проверена од ВАР, кој утврди дека играчот е во легална позиција.

Во истата акција, беше утврдено дека Енцо Фернандез не ја играл со топката, поради што проценката на можен офсајд како прекршок стана прашање на субјективна одлука. Сепак, во овој случај, ВАР не го препозна веројатното влијание на неговата позиција врз играта и беше потребно да се препорача преглед на видеото на самиот терен. Вечерва го контактиравме Манчестер Јунајтед за да признаеме дека, според наше мислење, е направена грешка во проценката. Ќе следи анализа на оваа ситуација“, објави главното судиско тело на Премиер лигата.

Foto/ EPA

Scroll to Top