Фудбалерите на Пари Сен Жермен убедливо го надиграа и го победија Манчестер Сити на гостински терен со 4:2 (3:0).
Се очекуваше вистински „блокбастер“ спектакл на „Етихад“, но на него се појави само актуелниот европски шампион.
ПСЖ, држеше час по фудбал и ја покажа својата сила во првото полувреме кога беше во голем налет и водеше со 3:0 по половина час игра.
Сити, вистина е, започна многу поофанзивно, а потоа од 13-та до 15-та минута се случи блиц-криг на гостите од Париз.
Прво, Дезире Дуе од работ на шеснаесетникот го погоди поблискиот агол од голот на Џанлуиџи Донарума, а во следниот напад, истиот играч му асистираше на Усман Дембеле, кој со глава погоди за 0:2.
Доминацијата на ПСЖ продолжи, па Витиња постигна убав гол во 32-та минута за шокантни 0:3.
Тој резултат го заврши првото полувреме, а во второто, Сити конечно заигра поенергично и офанзивно, најмногу благодарение на влегувањето на Ендиае.
Токму тој во 53-та минута брилијантно центрираше за Ерлинг Халанд, а со својот гол стана најдобриот стрелец на Сити во историјата на Лигата на шампионите.
Потоа, домашните навалија, Семењо ја погоди пречката, а потоа „граѓаните“ беа дополнително пресечени од голот на Аклиуш, кој оди малку и на душата на Џиџи Донарума.
Сити, генерално, беше многу блед оваа вечер, а единствениот што заслужуваше преодна оценка беше Ерлинг Халанд, кој успеа да го постигне вториот гол во 75-та минута.
Фабијан Руиз ја загуби топката во опасната зона, а многу брзо Буади го проигра Норвежанецот за конечни 2:4.
Вистина е дека ПСЖ имаше идеална шанса за „петарда“ до крајот, но во 90-та минута, Феран Торес, аматерски изведе пенал. Неговиот удар лесно го одбрани Донарума.
Резултати:
Рома – Реал Мадрид 3:4 (Де Рун 20′, Мален 51′, 57’/Мбапе 25′, Еспи 83′, Ендрик 85′, Рудигер 90′)
Астон Вила – Фенербахче 6:0 (Манзамби 12′, Џексон 31′, 39′, Баркли 68′, 72′, Абрахам 90′)
Бодо/Глимт – Борусија Дортмунд 1:0 (Сјоволд 52′)
Манчестер Сити – ПСЖ 2:4 (Халанд 53′, 75’/Дуе 13′, Дембеле 15′, Витиња 32′)
Бетис – Порто 3:2 (Езалзули 47′, Ернандез 74′, Иско пенал 84’/Веига 54′, Агехова 61′)
Шахтјор – АЕК 3:1 (Педрињо 34′, Тобијас 80′, Мездоза 86’/Мајер 28′)
Слован – Штутгарт 0:3 (Ундав 29′, Круз 64′ аг, Демировиќ 90′).
Foto/ EPA







