(Видео) Реал повторно разочара, не успеа дома да ја победи Џирона

По поразот од Баерн Минхен, во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите, Реал Мадрид доживеа уште еден шок на „Сантијаго Бернабеу“. Реал не успеа да ја победи Џирона (1:1) и речи испадна од борбата за шампионската титула. Реал сега има шест поени помалку од Барселона, а доколку утре Барса во градското дерби го победи Еспањол, разликата ќе биде девет бода.

Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ започна енергично, Реал Мадрид притисна од првата минута, барајќи ран гол. Создадоа шанси преку Џуд Белингам и Винисиус Жуниор, но одбраната на Џирона не дозволи Газанига да биде совладан.

Гостите прво сериозно се заканија во 14-та минута, кога Азедин Оунахи шутираше силно, но голманот Андриј Лунин ја спаси својата мрежа со одлична интервенција. Во 26-тата минута, голот на Мбапе беше поништен поради офсајд.

Реал влезе фуриозно во продолжението и поведе веќе во 50-та минута. Федерико Валверде ја прими топката надвор од шеснаесетникот и испрати силен, прецизен удар кој заврши во мрежата на Џирона за 1:0. Тој гол оди во душата на голманот на гостите, Пауло Газанига, кој ја имаше топката во рака.

Домашните продолжија да доминираат и да создаваат можности, а најблиску до зголемување на водството беа преку Едуардо Камавинга, кој не успеа добро да ја прими топката во ветувачка ситуација.

Казната за грешките на Реал дојде во 71-та минута. Лемар го искористи просторот надвор од шеснаесетникот и со моќен удар го совлада Лунин за израмнување на 1:1, што беше конечен резултат на натпреварот.

Во 88-та минута, Реал побара пенал откако Килијан Мбапе падна во шеснаесетникот на Џирона, но судијата веднаш покажа дека нема пенал. Одлуката на судијата беше потврдена и од ВАР собата.

Foto/ EPA

Scroll to Top