(Видео) Рома доминираше, Милан освои бод во Рим

Фудбалерите на Рома и Милан, во Рим одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од 22-то коло од италијанската Серија А.

Милан водеше од 62-та минута со гол на Кони де Винтер, по асистенција од Лука Модриќ. Лоренцо Пелегрини го израмни резултатот од пенал во 74-та минута.

Претходно, фудбалерот на Милан, Давиде Бартезаги, играше со рака во сопствениот шеснаесетник.

Рома беше подобриот тим на теренот. Во првиот дел избраниците на Џанпјеро Гасперини, не реализираа неколку чисити шанси. Се „истакна“ Дониел Мален, промаши две шанси, а Мајк Мењон му одбрани зицер и на Зеки Челик.

Милан е втор на табелата во Серија А со 47 бода, лидерот Интер има 52, а Рома е на третото место со 43.

Во следното коло од Серија А, Милан ќе ја пречека Болоња, додека Рома ќе игра против Удинезе.

Foto/ EPA

Scroll to Top