Во 14-то коло од Серија А, Рома го претрпе вториот последователен, а вкупно петти пораз во Серија А оваа сезона.
„Волчицата“ беше поразена на гостувањето кај Каљари со 1:0. Каљари ја забележа првата победа од месец септември.
Решавачкиот момент во натпреварот се случи во 52-та минута кога Зеки Челик направи прекршок како последен играч во одбраната и доби директен црвен картон. Домашниот тим ја круниса подобрата и поконкретна игра во 82-та минута кога Себастијано Еспозито го пронајде Џанлука Гаетано и овој полуволеј ја затресе мрежата.
Рома нема нерешен резултат во 14 кола, туку девет победи и пет изгубени натпревари. Интересно е што сите пет порази ги доживеа со ист резултат – 1:0.
Рома со 27 поени се наоѓа на четвртото место на табелата, Каљари е на 14-та позиција со исто толку бодови.
Foto/ EPA







