(Видео) Севилја се спаси, Џирона и Мајорка пред преселба во понизок ранг

Со исклучок на натпреварот меѓу Барселона и Бетис, сите натпревари од претпоследното коло на шпанската Ла Лига се одиграа во терминот од 19 часот. Големи возбудувања имаше до самиот крај.

Покрај Овиедо, кој беше отпишан одамна, сега пред испаѓање се Мајорка и Џирона, кои со поразите во ова коло останаа под цртата, додека спасот сега е посигурен за Елче и Леванте.

Елче победи со 1:0 против Хетафе и направи огромен чекор за да обезбеди барем уште една сезона во друштво на најдобрите. Во последното коло во директна пресметка за опстанок ќе играат Џирона и Елче.

Можеби најважниот натпревар за опстанок се одигра во Валенсија помеѓу директните ривали за испаѓање Леванте и Мајорка, кој заврши со триумф на Леванте од 2:0.

Потенцијално најважната победа во сезоната им ја донесоа на домашните Еспи и Ариага.

Мајорка загуби и е на пат кон испаѓање иако го имаа вториот најдобар стрелец во лигата оваа сезона, Ведат Муриќи (досега постигна 22 гола – два помалку од Мбапе).

Џирона, тимот што играше во Лигата на шампионите во сезоната 2024/2025, лесно може да испадне од елитата.

Тимот од Каталонија, доживеа минимален пораз во Мадрид од Атлетико. Единствениот гол го постигна Лукман во 21-та минута.

Конечно, сите погледи на фудбалските фанови беа насочени кон Севилја, каде што истоимениот домашен тим, кој пред ова коло беше во опасност да падне во зоната на испаѓање, сепак го задржа своето место во друштвото на најдобрите дури и пред последните 90 минути, и покрај поразот.

Тимот на Матијас Алмеида беше поразен од Реал на домашен терен (0:1) со гол на Винисиус, но благодарение на поволните резултати од другите терени, тие останаа „над линијата“.

Севиља сега е на 13-та позиција, три бода над првиот тим во зоната за испаѓање, Џирона, и математички ја обезбеди Ла Лига и за следната сезона.

foto/ epa

Scroll to Top