(Видео) Спектакуларен пресврт на Интер за пласман во финалето на Купот

Фудбалерите на Интер успеаја да се вратат од мртвите и по голем пресврт стигнаа до финалето на Купот на Италија. „Нероаѕурите“ така останаа во игра за два трофеи оваа сезона, бидејќи е сè поизвесно дека ќе го освојат Скудетото, а ќе играат и во финалето на Купот.

Во само девет дена, Интер и Комо одиграа спектакуларни натпревари и двата и доби Интер, откако успеа да се врати по негатива од два гола.

Комо поведе по 32-та минута од играта, кога Марко Батурина ги шокираше домашните навивачи.

Лукас Да Куња ја дуплираше предноста на својот тим по пробив по десната страна, кога ја испрати топката во „малата мрежа“, во 48-та минута.

Пресвртот го режираа Сучиќ и Чалханоглу. Хрватот два пати му асиситираше на Турчинот, кој постигна два гола. Интер во финалто го однесе Сучиќ со голот во 89-та минта.

Scroll to Top