(Видео) Спектакуларно реми меѓу Иран и Нов Зеланд

Фудбалерите на Иран и Нов Зеланд ремизираа 2:2 во натпреварот од првото коло од Групата Г на Светското првенство.

Средбата во Лос Анџелес ја одбележа Елија Џаст со два гола, но и враќањето на азиската селекција во два наврати.

Натпреварот ги надмина очекувањата, интензитетот беше на високо ниво, а нападите на двата тима беа чести во текот на целиот натпревар.

На крајот, тие ги поделија бодовите, исто како Белгија и Египет малку порано во првата средба од оваа група.

Иранците го отворија натпреварот посилно, но Новозеланѓаните поведоа во седмата минута. Џаст по акцијата на Крис Вуд ја заби топката под гредата.

Набрзо следуваше контра на Иран, која ја заврши Тареми, но неговиот удар заврши во стативата.

Иран израмни во 32-та минута. Грешка на дефанзивците на Нов Зеланд, кои некако го запреа Моганлу, но Резајан налета на топката и го совлада Крокомб.

И двете селекции продолжија во ист ритам, Иран изгледаше малку поконкретно, сепак, Нов Зеланд повторно стекна предност.

Стрелец повторно беше Џаст, фудбалерот на Мадервел, а Крис Вуд го заврши лавовскиот дел од работата.

Мохеби беше блиску до израмнување во 57-та минута. Тогаш не успеа, но успеа во 62-та минута.
Финишот ни донесе нови возбудувања, двата тима имаа свои шанси, но остана 2:2.

Иран ќе го игра следниот натпревар против Белгија, додека Нов Зеланд ќе се сретне со Египет.

Foto/ EPA

Scroll to Top