(Видео) Судија се повреди на НБА натпревар, го напушти теренот во инвалидска количка

Необичен настан го обележа натпреварот во НБА лигата, меѓу Орландо и Филаделфија. Искусниот судија Бил Кенеди се повреди и го напушти натпреварот во инвалидска количка.

Несреќата се случи кон крајот на првата четвртина, кога 59-годишниот судија следеше брз контранапад на Севентисксерс.

Во еден момент почна да куца, а потоа се повлече зад кошот на домашниот тим, каде што седна и побара медицинска помош.

Натпреварот беше веднаш прекинат, а медицинскиот тим, неколку минути, му укажуваше помош на еден од најпочитуваните судии во историјата на НБА.

Сепак, Кенеди не можеше да го продолжи натпреварот и го напушти теренот во инвалидска количка, додека дуелот продолжи, а преостанатиот дел од натпреварот го судеа Џејмс Вилијамс и Мајкл Смит.

Бил Кенеди ја дели правдата во најсилната кошаркарска лига во светот од 1995 година и досега учествувал во повеќе од 1.500 натпревари.

На крајот, Филаделфија победи во Орландо со резултат од 103:91.

Scroll to Top