(Видео) Хаос по мечот Олимпијакос-ПАО, Џонс со бокс го удри Нан

Кошаркарите на Олимпијакос ја одбранија титулата во Грција, со победа над Панатинаикос 89:85 во петтиот натпревар од финалната серија.

Сепак, грчката јавност е преокупирана со она што се случи по натпреварот. Хаосот што настана е многу дури и според лудите стандарди на грчката кошарка.

Тирик Џонс го чекаше Кендрик Нан адвор од тунелот што води кон соблекувалната, му се приближи и го удри со тупаница:

Играчите на Панатинаикос се обидоа да дојдат до Џонс, но припадници на Специјалната полициска единица (МАТ) застанаа пред него за да го заштитат. Потоа настана целосен хаос, бидејќи имаше физичка пресметка меѓу кошаркарите на Панатинаикос и полицијата.

„Се чини дека за Полициската управа на Пиреја, приоритет беше да се обезбеди и отстрани Џонс од местото на инцидентот, а она што следеше е тешко да се опише со зборови“, пренесе грчкиот портал „СДНА“.

Инаку, тензиите меѓу Џонс и Нан започнаа во третата четвртина. На 3:17 до крајот на периодот, Нан направи фаул врз Везенков, а Џон потоа го фати за врат играчот на панатинаикос.

Судиите реагураа, му доделија техничка на Нан, за кого тоа петти фаул, а Џонс беше исклучен бидејќи доби техничка и неспортска лична грешка.

Scroll to Top