(Видео) Хрватска по пресврт падна пред светскиот првак – Микел Мерино го реши натпреварот

Само три дена по историскиот дебакл против Англија (7:0), Хрватска брилијантно и парираше на моќната Шпанија на преполниот „Пољуд“, но сепак загуби од светските шампиони со 2:1 (0:1). Шпанската серија без пораз сега изнесува 42 натпревари.

Избраниците на Славен Билиќ во Сплит беа целосно рамноправен, дури и поконкретен ривал. Целосно им го препуштија поседот на Шпанците (27%), но создадоа повеќе опасни шанси.

Иван Перишиќ една од тие шанси претвори во гол за водство во 17-та минута. Веднаш пото Матановиќ промаши голема шанса за 2:0.

Работите се сменија во второто полувреме, а клучен човек беше џокерот на Де ла Фуенте, Микел Мерино. Играчот на Арсенал во полувремето го замени Алекс Баена.

Во 61-та минута ја искористи асистенцијата на Дани Олмо.

Во продолжението, Перишиќ повторно беше најзабележителен. Играчот на ПСВ прво пропушти можноста да му даде ново водство на својата репрезентација, а две минути подцна заработи втор жолт и автоматски црвен картон .

Хрватска остана со играч помалку, што беше клучот за триумфот на селекцијата од Пиринејскиот Полуостров. Мерино повторно ја погоди целта, овој пат по додавањето на соиграчот од Арсенал, Мартин Зубименди, во 88-та минута.

Екипата на Луис Де ла Фуенте ја забележа својата 11-та последователна победа и е прва во третата група со максимални 12 бода, со што обезбеди пласман во четвртфиналето.

Foto/ EPA

Scroll to Top