(Видео) Циципас го пцуеше својот татко во текот на мечот во Мадрид

Стефанос Циципас ја прекина серија од три порази со победата над Патрик Кипсон, кој влезе на турнирот како среќен губитник, со 3:6, 7:6(6), 7:6(4), во првото коло од Мастерсот во Мадрид.

Иако Циципас излезе како победник, натпреварот беше полн со драма и тензија, а грчкиот тенисер неколку пати го изгуби трпението, пцуејќи го својот татко и судијата за време на натпреварот.

„Излези, идиоту. Излези, идиоту. Глупак“, се само дел од навредите што Стефанос ги упати кон својот татко.

Двократениот Гренд слем финалист, Циципас во последно време поминува низ тежок период на теренот, очајно обидувајќи се да ја врати својата форма во 2026 година.

Пред овој турнир, тој падна на 80-то место на АТП листата, додека се бори да ја врати старата слава што го рангираше меѓу најдобрите тенисери во светот.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top