(Видео) Црвена звезда го победи Ефес – Мајк Џејмс сериозно се повреди

Кошаркарите на Црвена звезда го победија Ефес со 77:72 и ја забележаа првата победа сезонава во Евролигата. Двата тима сега имаат по победа и два порази. Дуелот во Белград го одбележа и тешката повреда на Мајк Џејмс.

Чима Монеке го раздвижи домашниот тим во третата четвртина, кога погоди три тројки во три напади. Крилниот центар на црвено-белите, во овој период постигна 13 поени.

Во овој период се повреди Мајк Џејмс. Според реакцијата на играчите на теренот станува збор за сериозна повреда. Американецот на носилки беше изнесен од теренот.

Црвена звезда направи серија во последната четвртина, Ефес возврати, но црвено-белите успеаја да го одбијат нападот на ривалот, благодарение на Тајсон Картер кој нанижа девет поени.

Чима Монеке беше најефикасен со 18 поени и седум скока. Џордан Нвора додаде 12, со пет скока, Тајсон Картер постигна 11, а Огњен Добриќ 10, со седум скока и четири украдени топки.

Кај Ефес се истакна Џордан Лојд со 15 поени, шест скока и три асистенции, Дарио Шариќ имаше 13, со 10 скока, додека Метју Стразел исто така постигна 10 поени.

Foto/ Starsport

Scroll to Top