(Видео) Челзи освои бод во Манчестер, Енцо во 94-та минута ги шокира „граѓаните“

Манчестер Сити и Челзи ремизираа 1:1 во натпреварот од 30-то коло од Премиер лигата.

Натпреварот на „Етихад“ беше полн со темпо, шанси и дуели, се чинеше дека Сити ќе слави со голот на Тижани Рајндерс на крајот од првото полувреме, но во четвртата минута од судиското продолжение, Енцо Фернандес го шокира домаќинот.

Граѓаните наметнаа ритам од самиот почеток, а особено беа активни во периодот од 30-та до 45-та минута. Во тој период Рејндерс го постигна водечкиот гол, откако претходно Халанд ја погоди стативата.

На полувремето, тренерот на Челзи, Калум Мекфарлан, направи промена, Андреи Сантос го замени Естевао, додека Пеп Гвардиола беше принуден да направи измени поради повреди. Прво, во 51-та минута Јошко Гвардиол го напушти теренот и беше заменет од Абдукодир Хусанов, додека во 81-та минута Рубен Дијас мораше да ја напушти играта, а во игра влезе Нејтан Аке.

Второто полувреме донесе многу интензитет. Рис Џејмс и Рубен Дијас добија жолти картони, додека во 79-та минута Матеуш Нунјеш беше казнет за приговори, како и Лиам Делап за неспортско однесување.

Сити можеше да го реши натпреварот во 58-та минута, кога Халанд мајсторски создаде шанса во шеснаесетникот, но неговиот удар од гол-линијата беше блокиран од еден од дефанзивците на Челзи. Само минута подоцна, домашните бараа пенал по стартот врз Рајан Шерки.

Челзи се закани во 49-та минута преку Педро Нето, кој шутираше од шеснаесетникот по додавањето на Енцо Фернандес, но топката помина неколку сантиметри над пречката.

Фудбалерите на Челзи се мачеа, напаѓаа и ги даваа последните атоми сила, но се чинеше дека резултатот нема да се промени до крајот на натпреварот. Во четвртата минута од судиското продолжение,Енцо Фернандес ја искористи асистенцијата на Мало Густо и од втор обид некако ја смести топката во голот.

Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN

Scroll to Top