Во последниот натпревар пред почетокот на Светското првенство, Аргентина го победи Исланд со 3:0 во Обрн, Алабама. Последните 20 минути ги одигра и најдобриот Аргентинец, Лионел Меси.
Меси, кој имаше проблем со повредата е здрав, влезе на теренот против Исланд и постигна гол од пенал во 72-та минута.
Аргентинците поведоа со голот на Валентино Барко во осмата минута. А конечните 3:0 ги постави Тијаго Алмада во 86-та минута.
Аргентина ќе се натпреварува во групата Ј, а нивниот прв натпревар ќе биде против Алжир на 17 јуни.
Foto/ Depositphotos







