(Видео) Шокантен пораз на Рома, Динамо во 96-та минута избегна пораз во Малме

Фудбалерите на Рома во третото коло, во запишаа вториот пораз во Лига Европа. Римјаните загубија на „Олимпико“ од Викторија Плзен 1:2. Овој пораз му го расипа јубилејот на паоло Диала кој го постигна 200-от гол во кариерата.

Гостите од Чешка поведоа во 20-тата минута, кога Принц Квабена Аду ја затресе мрежата на Римјаните.

Само две минути подоцна следеше уште еден шлаканица. Чик Суаре испрати торпедо од голема далечина, а голманот на Рома Миле Свилар лошо реагираше и прими гол.

Рома успеа барем да ја намали предноста. Единствениот нивни играч кој може да каже дека одигра добро е поранешниот ас на Јувентус, Аргентинецот, Пауло Дибала.

Дибала го постигнаголот за Рома од пенал и го намали резултатот на 2:1, што само го ублажи поразот.

Фудбалерите на Малме речиси успеаја да го надиграат Динамо Загреб пред своите навивачи и да ја остварат својата прва победа во сезоната.

Стрелец на голот за Малме беше Оскар Левицки во 46-та минута од првото полувреме. Динамо од пораз го спаси Варела кој успеа да погоди во последните секунди од натпреварот, во 96-та минута.

Нотингем го слави новиот менаџер Шон Дајч. На неговото деби „Ѓумарите“ славеа во дуелот со Порто 2:0.

Морган Гибс-Вајт го постигна првиот гол во 19-та минута, а точка на натпреварот стави Игор Жесус од пенал во 77-та минута.

Резултати, 3.коло:

Феенорд – Панатинаикос 3:1, Рома – Викторија Плзен 1:2, Селта Виго – Ница 2:1, Селтик – Штурм Грац 2:1, Фрајбург – Утрехт 2:0, Лил – ПАОК 3:4, Макаби Тел Авив – Митјиланд 0:3, Јанг Бојс – Лудогорец 3:2.

Scroll to Top