Преговорите меѓу Реал Мадрид и Винисиус Жуниор течат во позитивна насока. Како што објави „Ас“, крилниот напаѓач наскоро ќе потпише нов договор со „Кралскиот клуб“.
Преговорите, кои во еден момент замреа се поместија од „мртвата точка“. Винисиус беше незадоволен од третманот што го има и од финансиските услови. Се шпекулираше дека сигурно ќе го напушти Мадрид, пред сè поради примамливата покана од Саудиска Арабија.
Договорот на Винисиус истекува во летото 2027 година, и се очекува дека продолжувањето на соработката официјално ќе биде објавено наскоро, бидејќи дури и Реал тешко може да си дозволи да го изгуби еден од најдобрите играчи на планетата.







