Винисиус Жуниор, еден од најдобрите играчи на денешницата, не сака да го напушти Реал Мадрид и се чини дека решение за сагата околу неговиот нов договор е на повидок.
Бразилецот е свесен дека трпението на претседателот Флорентино Перез е при крај и, за да го обезбеди својот престој во Мадрид, е подготвен да направи клучен компромис. Ќе се откаже од бонусот за продолжување на договорот што го бараше. Тој е подготвен да потпише за 20 милиони евра годишно.
Винисиус ја прифатил понудата на клубот повторно да стане клучен играч во 2026 година и е подготвен да се откаже од своите финансиски барања кои ги одложија преговорите.
Иако договорот сè уште не е официјално постигнат, во клубот постои оптимизам дека сè би можело да се реши во наредните денови или недели.
Винисиус е свесен дека треба да направи чекор напред за да го врати својот статус во тимот и тешко дека ќе има подобра шанса за тоа.
Во отсуство на Килијан Мбапе, од него се очекува да ја преземе лидерската улога и конечно да ја прекине својата лоша серија од 14 натпревари без постигнат гол. Оваа сезона, тој има пет гола и осум асистенции во 24 одиграни натпревари.
Foto/ depositphotos







