Со трансферот на Антоан Семењо од Борнмут, вреден 72 милиони евра, Пеп Гвардиола стана првиот тренер во историјата на фудбалот кој потрошил повеќе од две милијарди евра за засилувања, во само во еден клуб.
Оваа сума во Манчестер Сити, Гвардиола ја потроши за нешто помалку од една деценија.
Шпанецот е без сомнение еден од најголемите тренери на сите времиња и многумина веруваат дека ги надминал достигнувањата на своите современици и претходници низ историјата на фудбалот.
Не е потребно да се зборува за колекцијата трофеи на Пеп, но неговата важност лежи во фактот дека тој целосно го промени модерниот фудбал со идеи, решенија, идеи и визија. Сепак, тоа чинеше многу пари.
Единствената сенка врз неговиот импресивен успех во Англија е количината пари што ги потрошил за трансфери откако пристигна на „Етихад“ во 2016 година – повеќе од 2.000.000.000 евра. Тоа е сумата потрошена за нови играчи, без да се земат предвид нивните плати и бонуси.
Но, во истиот период, Сити исто така продаваше играчи, секако не во толкава мера, што салдото на Гвардиола во табелата „инвестирано/заработено“ се одразува на 1,1 милијарди евра минус.
Џек Грилиш останува неговиот најскап трансфер, тој беше платен 117,5 милиони евра на Астон Вила.







