Гвардиола го избра својот најголем ривал

Пеп Гвардиола се подготвува за својот 1000-ти натпревар во тренерската кариера, а судбината сакаше противник да биде Ливерпул, клубот на неговиот најголем ривал Јирген Клоп.

Во пресрет на неделното дерби, стратегот на Манчестер Сити призна колку му недостигаат дуелите со германскиот тренер, кој минатата година го напушти „Енфилд“ и тренерската работа.

Гвардиола со Клоп водеше некои од најжестоките битки за титулата, а тие дуели ги вбројува меѓу најважните моменти во неговата кариера.

„Ако требаше да изберам еден ривал за оваа лична пресвртница, која сакам да ја споделам со многу луѓе, би ги одбрал нив. Ливерпул, особено со Јирген, беа најголемите ривали во оваа земја и не можеше да биде подобро, искрено. Судбината така одлучи и убаво е да се живее со тоа“, рече Гвардиола и додаде:

„Што се однесува до тимот на Јирген или тимот на Пеп, мислам дека се почитувавме еден со друг. Чувствував дека Јирген ми даде многу и ми недостига. Ми даде многу во однос на тоа да го победам тој човек, колку треба да размислувам, да работам и да правам, за да бидам подобар.“

Scroll to Top