Гринвуд се сели во Фенербахче

Фенербахче е блиску до затворање на трансферот на Мејсон Гринвуд од Олимпик Марсеј. Клубот од Истанбул подготви обештетување од 42.000.000 евра и четиригодишен договор, вреден 10 милиони евра по сезона.

Трансферот на Гринвуд ќе претставува најголема продажба во историјата на Олимпик Марсеј. Претходниот рекорд го држеше Миши Батшуаји, Челзи во 2016 година за него плати 39.000.000 евра.

Интересно е што Атлетико Мадрид и Ал Ахли сакаа да платат поголемо обештетување од Фенер. Атлетико му нудеше помала плата на фудбалерот, а тој самиот воопшто не размислуваше за трансфер во Саудиска Арабија. Негова е одлуката да се пресели во Фенербахче.

Англичанецот ја напушта Франција по две добри сезони. Во 81 натпревар во сите натпреварувања, постигна 48 гола и забележа 17 асистенции.

Гринвуд треба да биде важен дел од големата реконструкција што ја спроведува тренерот Исмаил Картал, пред сезоната во која Фенербахче ќе се обиде да ја освои првата шампионска титула по 2014 година.

Фенербахче веќе ги доведе Натан Аке и Ведат Муричи, а се очекуваат уште неколку спектакуларни потписи во текот на летото.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top