Даумен стана најмладиот играч во историјата на Лигата на шампионите

Арсенал славеше против Славија од Прага со 3:0 во четвртото коло во Лигата на шампионите. Натпреварот во Прага го одбележа фудбалерот на Арсенал, Макс Дауман.

Младиот играч влезе во игра во 73-та минута и влезе во историјата станувајќи најмладиот играч што настапил во Лигата на шампионите.

Дауман има само 15 години и 308 дена и со тоа стана најмладиот фудбалер што играл во ова престижно клупско фудбалско натпреварување.

Овој рекорд претходно го држеше Јусуф Мукоко, кој дебитираше на 16 години и 18 дена.

Дауман веќе го имаше своето деби во Премиер лигата во дресот на Арсенал во август оваа година во натпреварот против Лидс.

Scroll to Top