Де Зерби: Ришарлисон понекогаш сака да си оди, понекогаш да остане…

Менаџерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, вели дека од Ришарлисон зависи дали ќе остане во клубот.

Искусниот Бразилец, кој е во клубот од Северен Лондон четири години, беше стрелец на победничкиот гол во предсезонскиот натпревар со Челзи (2:1).

На прашањето каков е статусот на 29-годишниот напаѓач во клубот, Де Зерби по натпреварот рече:

„Не знам, не го разбирам најдобро, понекогаш вели дека сака да остане, а потоа вели дека сака да си оди. Ќе мора да разговараме, нема проблем, тој е прекрасна личност. Сите го сакаме тука во клубот, многу е вреден, работи напорно секој ден.“

Ришарлисон постигна 11 гола во претходната сезона во Премиер лигата. Неговиот договор со клубот истекува на крајот од сезоната. Во моментов, тој и Доминик Соланке се главните опции на Де Зерби во шпицот на нападот, но се очекува Тотенхем дополнително да се засили на оваа позиција.

Тотенхем досега потроши речиси 270 милиони евра на засилувања. Во текот на летото во клубот пристигнаа Сандро Тонали, Матеус Фернандеш, Јан Пол Ван Хеке, Енди Робертсон, Маркос Сенеси и Мартин Дубравка. Последните тројца во Тотенхем дојдоа како слободни играчи.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top