Димитриевски им се извни на тренерот и соиграчите – Валенсија ќе го казни парично

Голманот на фудбалската репрезентација, Столе Димитриевски, се врати во Валенсија по репрезентативната пазуза, во која националниот тим одигра 0:0 со Летонија во пријателски меч и доживеа дебакл во Велс (7:1) во квалификациите за пласман на Светското првенство.

На „Местаља“, Димитриевски дозна дека ќе биде парично казнет за она што го зборувал во „Лазаров подкаст“.

Димитриевски раскажа дека минатата сезона останал без стартна улога бидејќи Ливерпул одлучил да го остави на позајмица Мамардашвили уште една година, но рече дека бил шокиран кога дознал дека Агирезабала имал клаузула во неговиот договор, според која мора да брани на најмалку 30 проценти од натпреварите, во спротивно клубот ќе мора да палти пенали на Атлетик.

Ваквиот јавен настап на 31-годишникот од Куманово, според „АС“, предизвикал гнев на Местаља. И клупските челници и соиграчите го критикуваат за објавување информации од договорот на еден од неговите соиграчи во медиумите.

Пред првиот тренинг, Димитриевски имал разговор со тренерот Карлос Корберан, му се извинил, а потоа истото го направил и во соблекувалната кога им се извинил на соиграчите.

„Разговаравме со Столе, прво индивидуално, а потоа и со соиграчите во соблекувалната. Тој се извини за неточните изјави, бидејќи во Валенсија никој не игра поради клаузули во договорот.

Ја сфати својата грешка и им се извини на сите. Ќе биде казнет парично, што значи дека случајот е завршен“, изјави тренерот на Валенсија, Корберан.

Scroll to Top