Најголемото хрватско дерби, меѓу Динамо и Хајдук во 16-то коло од СуперСпорт ХНЛ заврши 1:1.
Натпреварот имаше неверојатен тек, Динамо доминираше речиси 70 минути, но не успеа да поведе, додека по интервенцијата на ВАР, на „модрите“ им беа поништени гол и пенал.
После тоа, Шего го шокираше „Максимир“ во 68-та минута и Хајдук беше на дофат на голема победа, но Арбер Хоџа ги постави конечните 1:1 во 12-тата минута од судиското продолжение.
По ова лудо дерби, Динамо го задржа првото место на табелата со бод повеќе од второпласираниот Хајдук.







