Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, триумфираше во спринт трката на Големата награда на Велика Британија, 12-та од овогодинешното Мото ГП првенство.
Шпанецот со оовј триумф стави крај на доминацијата на Дукати во спринтот во Силверстоун. Мартин го забележа својот трет триумф во саботните трки оваа сезона.
Мартин водеше од почетокот до крајот, а Аи Огура од Тракхаус беше најблиску до него, задоцни две секунди.
На третото скалило на подиумот беше уште еден возач на Априлија, Марко Бечеки, кој ја скрши клучната коска при пад на патеката Заксенринг пред четири недели.
Спринтот во Силверстоун беше обележан и со лош настап на Марк Маркез, кој имаше проблем со задната гума, на крајот заврши на дветтото место. Бранителот на титулата беше подобар од Диого Мореира од ЛЦР Хонда за 27 илјадити во борбата за последниот поен во спринтот.
Со овој триумф Маркез ја зголеми предноста во генералниот пласман, во однос на Огура на 17 поени.
Гчавната трка се вози утре со почеток во 14 часот.
Foto/ EPA







