Дополнителни мерки за безбедност во Еспањол пред дуелот со Барселона

Моментално е празничен одмор во Шпанија, но во фудбалскиот клуб Еспањол немаат време за одмор.

Имено, во првиот натпревар во 2026 година, Еспањол ќе го пречека својот најголем ривал, Барселона, што исто така значи дека Џоан Гарсија повторно ќе биде меѓу „своите“.

Навивачите на Еспањол веќе подготвуваат пеколен пречек за него, бидејќи од ова лето го сметаат за најголем предавник во историјата на клубот.

Како што е познато, голманот на Барселона, кој е дете на Еспањол, се пресели на „Камп Ноу“, ова лето за 25.000.000 евра. Навивачите на Еспањол му испраќаа разни заканувачки пораки, нарекувајќи го „Јуда“, па клубот веќе презема мерки на претпазливост.

Шпанските медиуми тврдат дека Еспањол ќе постави посебна заштитна ограда зад двата гола, за да нема случаен инцидент, за да не го погодат навивачите голманот на Барселона.

Јасно е дека доколку се случи таков инцидент, Еспањол би можел да добие сериозни казни, кои клубот сака да ги спречи по секоја цена.

Натпреварот Еспањол – Барселона е закажан за сабота, 3 јануари, во 21:00 часот.

Foto/ freerangestock

Scroll to Top