Големата неизвесност околу настапот на Брил Емболао на Светското првенство во 2026 година конечно заврши.
Напаѓачот на швајцарската репрезентација доби дозвола за влез во Соединетите Американски Држави и наскоро ќе им се придружи на своите соиграчи во кампот на репрезентацијата во Сан Диего.
Фудбалерот на Монако, не замина со сиграчите на почетокот на неделата, бидејќи американските власти одлучија дополнително да ги проверат неговите патни документи непосредно пред патувањето.
Додека неговите соиграчи патуваа во Калифорнија за да продолжат со подготовките за Светското првенство, Емболо остана во Швајцарија чекајќи ја конечната одлука.
Швајцарската фудбалска асоцијација потврди дека 29-годишниот напаѓач добил виза и дека ќе во текот на денот ќе отпатува САД.
Проблемот се појави поради дополнителни проверки спроведени од американските власти во врска со претходни судски постапки против фудбалери. Емболо беше интервјуиран во американската амбасада во Берн во средата, каде што властите разгледаа документи поврзани со инцидентот од 2018 година во Базел.
Дополнително, американските власти побараа судски документи поврзани со пресудата за повеќекратни закани од 2023 година, за која Емболо доби условна казна. Иако случајот конечно беше решен претходно оваа година, американските службеници за имиграција одлучија да спроведат дополнителни проверки пред да го одобрат неговиот влез во земјата.
На крајот, сè заврши со позитивен исход за швајцарскиот репрезентативец, кој сега ќе може да му се стави на располагање на селекторот пред почетокот на Светското првенство.
Емболо е еден од најискусните играчи во Швајцарија и се очекува да игра важна улога во нападот на националниот тим за време на претстојното Светско првенство.







