Ракометната федерација на Македонија, заедно со националните сојузи на Србија и Словенија, поднесе кандидатура за организација на Европското првенство во 2034 година.
Покрај кандидатурата на Македонија, Србија и Словенија, своја кандидатура поднесоа и Австрија, Хрватска, Данска, Луксембург, Холандија, Шведска и Турција.
Трите сојузи ќе продолжат во наредниот период интензивната соработка за подготовка на кандидатурата, со цел заедничкиот проект да се презентира пред Европската ракометна федерација како сериозна и сеопфатна понуда.
ЕХФ ќе одлучи за домаќинот на Европското првенство во 2034 година на редовниот конгрес на 18 септември 2027 година.
Foto/ Depositphotos







