Фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез, нема да игра во недела против Комо во натпреварот од 32-то коло од италијанската Серија А поради повреда на мускулот на левата нога.
Капитенот на тимот од Милано има блаог истегнување, а следната недела ќе му бидат направени нови тестови, по што попрецизно ќе се знае колку долго ќе отсуствува.
Мартинез е најдобар стрелец на Интер оваа сезона, постигна 20 гола на 36 натпревари во сите натпреварувања.
Седум кола пред крајот на Серија А, Интер има седум бода пред второпласираниот Наполи и девет пред градскиот ривал Милан.
Foto/ Depositphotos







