Конте потврди дека го напушта Наполи

Италијанскиот тренер Антонио Конте потврди дека го напушта Наполи. Конте ги предводеше наполитанците две сезони.

Конте се споменува во медиумите како прв кандидат да ја преземе италијанската репрезентација, која веќе ја водеше од 2014 до 2016 година.

56-годишениот тренер, заедно со претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис, одржа прес-конференција по последниот натпревар на Наполи во сезоната и победата против Удинезе.

„Пред еден месец го повикав претседателот… Му кажав дека чувствувам дека нашиот проект завршува. Ја донесов оваа одлука затоа што не успеав во едно нешто во Наполи: не донесов единство. Не успеав затоа што не ги обединив сите… Ми беше чест, им се заблагодарувам на претседателот и навивачите што ме разбраа“, рече Конте.

Наполи, кој се мачеше со повреди цела сезона, заврши втор во Серија А, 11 бода зад шампионот Интер. Во две сезони во Наполи, Конте освои едно Скудето и еден Суперкуп на Италија.

Кога станува збор за преземањето на италијанската репрезентација, која не успеа да се квалификува на Светското првенство трет пат по ред, Конте изјави дека „сето тоа се само муабети“.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top