Крај на 115-годишна традиција: Згасна еден од култните италијански клубови

Фудбалскиот клуб Бреша и официјално згасна. Судот во италијанскиот град донесе одлука за судска ликвидација.

Со тоа, заврши 115-годишна традиција. Клубот е основан уште во 1911 година.

Долгорочните финансиски проблеми го предизвикаа овој развој на настаните. Се наведува дека долговите изнесувале околу 20 милиони евра. Сè започна пред 18 месеци.

На клубот му беа одземени осум бода, што доведе до испаѓање во понизок ранг, односно во Серија Ц, за која подоцна не успеа да регистрира играчи. Бреша остана без лиценца за натпреварување во професионалните италијански фудбалски лиги.

Ниту плановите за реструктуирање предводени од сопственикот Масимо Челино, ниту предлозите за договор со доверителите, не го убедија судот дека клубот има реални шанси за опстанок. Поради ова, легендарниот италијански клуб официјално згасна.

Најголема легенда на Бреша е Роберто Баџо, а дресот на овој тим го носеа Пеп Гвардиола, Андреа Пирло, Марио Балотели, Марек Хамшик, Марко Верати, Сандро Тонали…

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top