Кудус повторно се повреди, под знак прашалник е за Светското првенство

Напаѓачот на Тотенхем, Мохамед Кудус, доживеа уште еден пех во закрепнувањето од повреда и би можел да заврши на уште една операција. Кудус е надвор од терените од почетокот на јануари, кога заработи сериозна повреда на квадрицепсот во ремито 1:1 против Сандерленд.

Иако 25-годишниот репрезентативец на Гана, се врати на тимските тренинзи минатата недела и имаше надеж дека може да игра веќе во недела против Сандерленд, на дебито на новиот тренер Роберт Де Зерби, ситуацијата се искомплицира.

Клубот потврди дека Кудус го чека дополнителен специјалистички преглед, а можеби и операција.

Оваа вест доаѓа во најлош можен момент за играчот и за клубот кој се бори да остане во лигата. Освен за клубот, повредата е голем удар и за самиот Кудус, кој се надеваше на брзо закрепнување за да биде подготвен за Светското првенство.

Гана го гледа како клучен играч на Мундијалот, во групата со Англија, Хрватска и Панама.

Пред повредата, Кудус оваа сезона одигра 19 натпревари во Премиер лигата со два гола и пет асистенции.

Досега, 25-годишниот напаѓач одигра 46 натпревари за репрезентацијата на Гана и постигна 13 гола.

Неговата вредност се проценува на 55 милиони евра, што го прави втор највреден репрезентативец на Гана. Само играчот на Манчестер Сити, Антоан Семењо, е пред него со 75 милиони евра.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top