Со победата на Холандија над Грузија од 31:26 во последното коло од Групата Е од прелиминарната фаза на Европското првенство, познато е кои репрезентации го обезбедија статусот на носители во плејофот за пласман на Светското првенство следната година.
Познато е кои 12 репрезентации ја продолжуваат борбата за медали и тронот на Европското првенство, како и за директен пласман на Светското првенство. Од преостанатите 12 елиминирани, познато е кои четири репрезентации ќе бидат носители во плејофот за Мундијалот следната година во Германија.
Познато е и кои шест репрезентации, ќе играат и претквалификациски два натпревари во март, а познато е и кои две репрезентации ја избегнале барем таа фаза, но нема да бидат носители во плејофот.
Што се однесува до преостанатите 12, сигурно е дека Германија и Данска нема да учествуваат во плејофот за Светското првенство, кои веќе се квалификуваа за Светското првенство. Германија како домаќин, Данска како актуелен светски шампион.
Останатите 10 репрезентации, покрај борбата за медали, ќе се борат за уште четири директни визи за Светското првенство. Останатите шест репрезентации ќе бидат распоредени во плејофот за Светското првенство.
Шпанија, Франција, Норвешка, Португалија, Словенија, Унгарија, Исланд, Шведска, Хрватска и Швајцарија ќе се борат за четири директни визи за Светското првенство.
Шесте кои нема да успеат во тоа ќе бидат распоредени во плејофот како носители, заедно со Фарските Острови, Македонија, Холандија и Австрија.
Можно противници на Македонија во баражот: Србија или Литванија, Полска или Латвија, Грција или Белгија, Црна Гора или Финска, Грузија или Израел, Италија, Босна и Херцеговина и Чешка.
Foto/ EPA







