Маркез ќе го преземе Мексико

Рафаел Маркез ќе ја преземе функцијата селектор на мексиканската репрезентација по Светското првенство, потврди директорот на репрезентацијата Дуилио Давињо, објави „Фокс спортс“.

Маркез во моментов е помошник на селекторот на Мексико, Хавиер Агире, кој ќе се пензионира од оваа позиција по Светското првенство. СП ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули оваа година во Мексико, САД и Канада.

Давињо потсети дека во 2025 година е договорено Маркез да ја преземе репрезентацијата на Мексико по Светското првенство.

„Маркез потпиша договор до 2030 година. Неговиот тренерски штаб е 80 проценти комплетиран“, додаде Давињо.

Фудбалерите на Мексико ќе играат во групата А против Јужна Африка, Јужна Кореја и Чешка на Светското првенство.

Во својата кариера, Маркез (47) играше за Атлас, Монако, Барселона, Њујорк Ред Булс, Леон и Верона, додека постигна 17 гола на 147 натпревари за мексиканската репрезентација од 1997 до 2018 година.

Scroll to Top