Мајкл Овен го избра фаворит на Светското првенство

Поранешниот напаѓач на Англија, Мајкл Овен (46), ги сподели своите размислувања за претстојното Светско првенство, истакнувајќи ја Франција како главен фаворит. Како дел од презентацијата на „Hisense“, за соработката со ФИФА во Цирих, освојувачот на Златната топка во 2001 година коментираше за проширениот формат на Светското првенство, логистичките предизвици и ги издвои играчите и репрезентациите на кои треба да се обрне внимание.

Според Овен, одлуката на ФИФА да го зголеми бројот на учесници може да влијае на квалитетот на некои натпревари, но во исто време им дава можност на земјите кои претходно немаа реални изгледи за пласман.

Како главен фаворит за освојување на титулата, Овен ја издвои Франција, која е во група со Норвешка, Сенегал и Ирак.

„Ако треба да изберам еден тим, тоа е Франција. Тие имаат неверојатен тим и континуитет на резултати“, истакна тој, потсетувајќи дека Французите играа во финалето на последното Светско првенство.

Освен Франција, тој ја истакна силата на Шпанија, но предупреди и за потенцијалот на Соединетите Американски Држави и Канада, кои со поддршка на домашната публика би можеле да постигнат извонреден резултат. Тој ја издвои Јапонија како екипа што може да изненади.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top