Мбапе: Роналдо е мојот идол, но само Меси е феномен

Килијан Мбапе, еден од најдобрите играчи на денешнината, имаше интересно гостување во подкастот „The Bridge“.

Неизбежна тема беше споредбата помеѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Асот на Реал имаше јасен одговор.

„Роналдо е мојот идол, но само Меси е феномен. Тој човек едноставно може да прави што сака.“

Мбапе имаше можност да ја дели соблекувалната со Меси во Пари Сен Жермен речиси две години.

„Таму беше и Нејмар, кој е технички беспрекорен. Но, Меси прави сè совршено.“

Тој раскажа и интересна анегдота од тренингот.

„Кога сè беше готово, Меси, Нејмар и јас шутиравме по 10 шутеви. Нејмар и јас ќе постигневме по 6,7 гола. Меси барем 9 и секој пат го правеше тоа на идентичен начин. Изгледаше уморен, но беше непогрешливо прецизен. Не можев да верувам што прави“, заклучи Мбапе.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top