Фудбалерот на Баерн, Џамал Мусијала, се огласи на својот Инстаграм откако се струполи на теренот, среде натпревар. Ова му се случи втор пат за три дена.
Германскиот репрезентативец неодамна имаше непријатна епизода против Лајпциг кон крајот на натпреварот, а во средата, за време на пријателски натпревар (Хајденхајм), доживеа речиси идентична ситуација.
Тој влезе во игра во 61-та минута, а пет минути подоцна падна на тревата, речиси во несвест. За среќа, овој пат не претрпе никакви последици, но во пораката што ја испрати до јавноста откри дека има одредени здравствени проблеми.
„Пред се – добро сум! Особено сум благодарен за вашите пораки и поддршка!“, рече тој.
Потоа се осврна на своите симптоми и се обиде да ги смири загрижените фанови:
„Разбирам дека многумина од вас се загрижени. Сакам да ве уверам и да објаснам за што станува збор: Дијагностицирани ми се привремени, краткотрајни, но лесно лечливи епилептични напади од типот апсанас, кои се резултат на невролошка дисфункција. Тие можат да доведат до епизоди како овој што се случија неодамна, како оној против Лајпциг и сега во Хајденхајм“, ја објасни ситуацијата.
23-годишниот фудбалер знае „дека на прв поглед може да изгледа страшно“, но додаде дека ваквите ситуации во моментов се негово секојдневие.
„Во моментов, добивам најдобар можен медицински третман и сум многу оптимист. Баерн и луѓето од мојата непосредна околина секогаш се со мене и ме поддржуваат на ова патување.“
Сепак, Мусијала нагласи дека „нема дополнителен здравствен ризик“ за него.
Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, по натпреварот против Хајденхајм изјави дека клубот е „свесен за ситуацијата“, но не одговори на прашањето зошто Мусијала воопшто игра. Самиот фудбалер сега го даде одговорот:
„Во консултации и редовна комуникација со експерти, моја лична желба беше да го прифатам овој предизвик и, со одобрение од невролошки специјалисти, да продолжам да се посветувам на она што најмногу ми помага во моето закрепнување: едноставно, да го живеам мојот секојдневен живот и да го правам она што најмногу го сакам – да играм фудбал.
Јас ја презедов одговорноста за таа одлука. Генерално, се чувствувам многу добро и сум на вистинскиот пат. Она што најмногу ми помага на овој пат е да продолжам да бркам победи и трофеи со вашиот тим, со вашата фантастична поддршка. Се надевам дека сега можете подобро да ме разберете“.
На крајот, Мусијала побара разбирање бидејќи „би сакал да проблемите со кои се соочува да останат во кругот на неговите најблиски луѓе, клубот и лекарите“.
Foto/ Depositphotos







