Атлетико Мадрид ја изненади Барселона и победи со 0:2 на гостински терен во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Барселона остана со играч помалку во 44-та минута, откако Пау Кубарси доби црвен картон. Атлетико го искористи играчот повеќе и со головите на Хулијан Алварез и Александер Серлот, стекна голема предност пред реваншот на „Метрополитано“ следната недела.
Пред натпреварот, навивачите на Барселона го каменуваа автобусот на Атлетико, а мадридскиот клуб објави фотографии од скршените прозорци на социјалните мрежи.
„Еј, НАСА, имаме фотографии од темната страна на Месечината“, се вели во соопштението на Атлетико.
Nosotros también hemos visto esta noche la cara oculta de la luna, @NASA. pic.twitter.com/SvSfH7JBdV
— Atlético de Madrid (@Atleti) April 8, 2026
Во последно време, шемата на насилство се повторува кога станува збор за овие два тима. Навивачите на Барселона го искршија автобусот на Атлетико пред еден месец, кога двата тима се сретнаа во полуфиналето на Купот на Кралот.
Foto: Atletico Madrid/X







