Карим Бензема стапи во штрајк, навреден од понудата што ја добил од Ал-Итихад за продолжување на договорот.
Договорот на Бензема истекува на крајот од сезоната 2025/26. Тој заработува неверојатни 1,61 милион фунти неделно, или повеќе од 230.000 фунти дневно, објави „Дејли Мејл“.
Според пишувањата на француските медиуми, и 38-годишниот Бензема и клубот сакале да ја продолжат соработката. Сепак, откако клубот му ја презентирал понудата во четвртокот, напаѓачот бил толку лут што решил да не игра против Ал Фатех (2:2).
Бензема почнал да тренира одвоено од остатокот од составот бидејќи смета дека првата понуда за продолжување на договорот била „навредлива“.
Добитникот на „Златната топка“ во 2022 година наводно го обвинил клубот дека го принудил да „игра бесплатно“ на почетокот на неговиот договор, профитирајќи исклучиво од неговите права на имиџот.
Иако Бензема има одлична индивидуална сезона со осум гола на 14 настапи, неговиот Ал-Итихад е шести на табелата на саудиската професионална лига. Се смета дека францускиот напаѓач ги разгледува своите опции да го напушти клубот и да се врати во Европа.
Бензема моментално е третиот најплатен фудбалер во светот со годишна плата од 85 милиони фунти. Лионел Меси заработува малку повеќе од него во Интер Мајами, 96,9 милиони фунти, додека двајцата се во сенка на Кристијано Роналдо, чија плата во Ал-Наср е неверојатни 194 милиони фунти годишно.
Foto/ depositphotos







