Норис освои пол-позиција во Будимпешта, Хамилтон и Антонели казнети

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Унгарија на „Хунгароринг“. Тој со време од 1:17.207 минути беше побрз од сонародникот Луис Хамилтон, кој првично заврши втор, но поради казна ќе стартува од петтата позиција.

Казна доби и лидерот во генералниот пласман Кими Антонели, кој не забави доволно под жолта знаме и ќе стартува три места поназад.

Со тоа, второто место го наследи Шарл Леклер, а од третата позиција ќе тргне Оскар Пјастри, додека Макс Ферстапен ќе стартува четврти.

Големата награда на Унгарија е закажана за недела од 15 часот.

Scroll to Top