Олимпијакос му одржа лекција на Фенербахче во преполната арена ОАКА и стана првиот финалист во Евролигата. Во ниту еден момент не изгледаше дека бранителот на титулата може да им се закани на црвено-белите, кои убедливо славеа so 79:61 (18:12, 15:12, 23:17, 23:20).
Нестварно звучи податокот дека 16 и пол минути, Фенер не постигна кош на почетокот од првите три четвртини, а во тој период резултатот беше 34:0 за Олимпијакос.
Олимпијакос натпреварот го отвори со 12:0, период во првата четвртина кој Фенербахче не постигна поени во првите осум минути. Во втората четвртина, Фенер не поентираше во првите шест минути, а Олимпијакос направи серија 11:0. Во третата четвртина за нешто помалку од четири минути, Олимпиајкос направи 11:0.
Првата четвртина ја обележа Тајлер Дорси, втората играчите од клупата Алекс Питерс и Тајсон Ворд (овие двајца повторно белснаа во последната четвртина), а третата мина во знакот на актуелниот МВП, Саша Везенков кој 14 од своите 16 поени постигна во овој период.
Фенер трошка надеж доби во последната четвртина, која ја отвори со 10:0 се доближи на минус од седум поени, но потоа Јоргос Барцокас го врати Милутинов на паркетот, Олимпијакос ја врати контролата во скокот и со серија 8:0 го реши мечот.
Питерс со 17 поени беше најефикасен, Везенков постигна 16, поен помалку имаше Дорси, Ворд уфрли 10 поени, а Милутинов забележа шест поени и 13 скокови.
На спротивната страна двоцифрен број на поени постигнаа Биберовиќ (17 поени, 6 скока), Хортон-Такер (16 поени, 7 скока) и Болдвин (10 поени, 5 скока, 6 асистенции).
Олимпијакос, во своето прво финале по 2023 година за противник ќе го има победникот од второто полуфинале, меѓу Реал и Валенсија.
Foto/ EPA







