Познато е кога Меси ќе го игра последниот натпревар за Аргентина

Лионел Меси неодамна објави дека се повлекува од репрезентацијата на Аргентина, а за време на претстојната репрезентативна пауза, ќе го одигра последниот натпревар со сино белиот дрес.

Селекторот Лионел Скалони го вклучи Меси во списокот за претстојните пријателски натпревари, а како што пишува Фабрицио Романо, малиот волшебник ќе се збогува во Буенос Аирес, на 6 октомври, против Бенин.

Пред тоа, Аргентина ќе се соочи со Боливија и Буркина Фасо, но не е познато дали Меси ќе игра во тие натпревари.

Меси на 31 август објави дека се повлекува од репрезентацијата, за која одигра 207 натпревари во текот на својата кариера, постигна 125 гола и запиша 68 асистенции.

Со Аргентина освои две Копа Америка, Светското првенство и Финалисима, а својот последен танц во дресот на „Гаучосите“ ќе го има пред своите навивачи.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top