По Конор Галагер уште еден играч си замина од Атлетико Мадрид. Џакомо Распадори по само шест месеци, минати во Мадрид, реши да се врати во Италија.
Со денови се шпекулираше дека Џакомо Распадори ќе стане нов играч на Рома, но наместо во Рим, тој пристигна во Бергамо.
Како што потврдија бројни извори, луѓето од Аталанта доцна синоќа отвориле конкретни преговори и успеале да се договорат со Атлетико. Сумата која ќе ја плати Аталанта не е позната, но се претпоставува дека трансферот изнесува околу 20 милиони евра.
Распадори минатото лето пристигна во Атлетико Мадрид од Наполи за 22 милиони евра, но не ги оправда очекувањата, бидејќи постигна два гола и имаше три асистенции на 15 натпревари во сите натпреварувања.
Диего Симеоне одлучи да го продаде, а Распадори сакаше да се врати во својата татковина и на крајот ја избра, Аталанта.Италијанските медиуми тврдат дека доаѓањето на Распадори значи дека Адемола Лукман ќе замине од клубот. Интерес за него покажуваат турските великани Галатасарај и Фенербахче.
Распадори сакаше да го засили тимот во кој ќе има минутажа, бидејќи сака да се наметне кај селекторот Џенаро Гатузо пред Светското првенство во 2026 година, секако доколку Италија преку баражот избори пласман.
Foto/ depositphotos







