Фудбалската репрезентација на Шкотска, во фантастичен меч ја победи Данска со 4:2 и се пласира на Светското првенство. Шкотите славеа во Глазгов со спектакуларните голови на Тирни и Меклин во 93-та и 97-та минута од натпреварот.
Со солзи во очите, капитенот на Шкотска, Енди Робертсон, го прослави пласманот на Мундијалот. Пред новинарите се сети на својот голем пријател, Диого Жота.
„Тој беше мојот најдобар пријател во животот. Лик што го сакав и ми недостига секој момент од мојот живот. Беше толку нормален, толку реалистичен, полн со љубов и топлина. Секогаш се шегувавме дека е добродушен како Ирец или Шкотланѓанец Го викав Диого МекЖота“, рече Робертосон и продолжи со солзи во очите.
„Не можев да го извадам Диого од глава. Цел натпревар, цел ден… само тој. Постојано размислував за нашите разговори за Светското првенство. Ова можеби беше мојата последна шанса да одам на Светско првенство. И знам дека некаде во моментов ме гледа и се смее затоа што го остварив најголемиот неостварен сон во мојот живот. Сакав да бидам силен пред момците, но внатре… се распаѓав. Многу ми е драго што заврши вака.“
„Едвај чекам да се вратам во Ливерпул и да испијам чаша вино со татко ми, мислам дека конечно ќе биде среќен за нешто што сум го направил во мојот живот“, заврши капитенот на Шкотска.
Foto/ EPA







