Родри: Ако работиш напорно и веруваш, животот ќе те награди

Капитенот на Шпанија, Родри, беше пресреќен откако ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои втората титула светски шампион во историјата на националниот тим.

Во разговор за шпанската телевизија Ла 1, најдобриот играч на Светското првенство им се заблагодари на своите соиграчи и рече дека ова е најголемиот успех во неговата кариера.

„Сакам да им се заблагодарам на сите. Оваа група е неверојатна, а ние сме светски шампиони. Неверојатно е чувството да се кажат овие зборови. Ова беше најтешкиот турнир во историјата на Светските првенства. Од друга страна беше најдобриот фудбалер на сите времиња, а ние успеавме да ги срушиме сите рекорди“, рече Родри.

Во финалето, Шпанија целосно ја надигра Аргентина, која во текот на регуларните 90 минути не упати ниту еден удар кон голот.

„Тоа е тајната на оваа репрезентација. Не е важно кој е на другата страна, ние секогаш ќе играме храбро и офанзивно. Мора да бидете храбри во животот, а животот тоа го наградува на крајот“, истакна капитенот на Шпанија.

Родри се осврна и на тешкиот период низ кој минуваше поради повреда, нагласувајќи дека освојувањето на Светското првенство е голема лична победа за него.

„Сакам луѓето да видат дека играчот може да стигне до врвот, но и да падне на самото дно. Ако работиш напорно и веруваш, животот на крајот ќе те награди. Сметам дека сум пример како да се надминат тешките моменти. Има многу луѓе кои не ме познаваат лично, но ја чувствував огромната поддршка и љубов од луѓето во Шпанија“, заклучи Родри.

Foto/ EPA

Scroll to Top