Чаби Алонсо и Челзи понудија 50 милиони евра за голманот на Рома, Миле Свилар и добија негативен одговор.
Свилар стана еден од клучните играчи во проектот на Џан Пјеро Гасперини, кој ја врати Рома во Лигата на шампионите во претходната сезона. Тие го гледаат како важен играч околу кого сакаат да изградат тим, иако за неговите услуги интерес покажаа неколку врвни европски клубови.
Свилар оваа сезона на 21 натпревар не прими гол, што ја зголеми неговата цена. Исто така, втора сезона по ред е прогласен за најдобра голман во Серија А.
Како што објавува „Кориере дело Спорт“, тимот од Лондон бил подготвен да понуди околу 50 милиони евра за Свилар, но Чаби Алонсо и „сините“ добиле негативен одговор од Рим.
Останува да се види дали Рома ќе успее да го задржи голманот во своите редови во наредниот период.
Foto/ Depositphotos







