Роналдо потврди дека го игра последното СП

Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, потврди дека го игра последното Светско првенство.

Роналдо има 41 година, на Мундијалите нема повеќе да игра, а прашање е дали ќе игра на следното Европско првенство.

„Ова ќе биде моето последно Светско првенство. Што и да се случи, ќе си заминам со чиста совест бидејќи ѝ дадов на репрезентацијата сè што имав“, рече Роналдо.

Португалците ќе се соочат со Шпанија во осминафиналето (понеделник, 21.00 часот).

„Да не верувавме дека можеме да го освоиме Светското првенство, немаше ни да бидеме тука. Ова беше добро искуство и се подобруваме од натпревар во натпревар. Невозможно е да се игра на врвот на секој натпревар, а тоа може да се види од екипите кои веќе се елиминирани. Екипата е смирена, добро трениравме и сме подготвени за многу тежок противник.“

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top